еМагазин
Image default
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

Донирајте за „Одмор за едно семејство“, за 15 семејства да заминат на море

„Куќа на среќата“, е дел од иницијативата „Одмор за едно семејство“ кое се организира преку Фејсбук групата „Бесплатно сместување Македонија и превозници со големо срце“ за да успеат да испратат 15 семејства на одмор наредната недела.

„Ајде заедно да бидеме среќата за 15 семејства, среќата за многу мајки и татковци, среќата за многу деца… Помогнете ни да ги собереме потребните парични средства за да може да ги испратиме на море. Вашата помош е нивна среќа – донирајте за бесплатен одмор!

Време многу немаме, но за тоа знаеме дека вие имаме хумани срца и компании кои можат да ни помогнат и да ја исполнат желбата на неколку деца и семејства да ги испратиме на одмор. Некои деца се уште се надеваат на море и на песок, за нив летото ќе трае и ќе биде посакувано во било кој период од годината.

Вашата помош е клучна! Со вашата добрина, можеме да им овозможиме на овие семејства незаборавно искуство и момент на среќа. Ве повикуваме да се вклучите и да помогнете да ги исполниме нивните соништа. Заедно можеме да направиме разлика!

Преку Facebook групата Бесплатно сместување Македонија и превозници со големо срце (facebook.com), како и претходните години, така и оваа година имавме можност да испратиме многу семејства на бесплатен одмор и да бидеме радост за многу семејства, исполнување на сонот на многу деца.

Ве повикуваме да ни се приклучите во оваа акција и заедно да испратиме цел автобус, односно 15 семејства во Неа Пори – Грција, бидејќи 15 апартмани чекаат на нив, 15 апартмани веќе ни се обезбедени како донација, но семејствата не се финансиски моќни за да може сами да го обезбедат превозот и сите дополнителни трошоци за еден одмор. За нив, идејата за одмор и времето поминато со најблиските е далеку од реалноста.

Потребно е да обезбедиме трошоци за превоз, туристичка такса и осигурување. Превозот кој е најден за цел автобус од 50 лица изнесува 80.000 денари, туристичката такса изнесува 90 денари од ден и осигурувањето во зависност од бројот на членовите во износ од 300 до 1.000 денари,“ се вели во апелот.

Како можете да подржите:

Донирајте на нашата сметка на здружението Куќа на Среќата – 200003824125567 – Стопанска банка АД Скопје

IBAN MK07200003825028637 SWIFT код; STOBMK2X

или

Донирајте преку ЛИНКОТ на ecrowd.mk.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Помогнете на семејства кои не се во можност да отидат на одмор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Како се фрлаат сол и ризла низ улиците во Кочани: Чистење снег, како во 19 век

Редакција

Контролори во Фондот за здравствено осигурување обвинети за примање поткуп

Редакција

Поголем број на автобуси кон СЦ „Борис Трајковски“ заради Саемот на книга

Редакција