еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Државата се уште не ја продала запленетата гарнитура на Катица Јанева

Државата се уште не ја продала запленетата гарнитура на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која заврши во затвор за случајот “Рекет“, објави Фокус.

Според пресудата требаше да и се конфискува посреден или непосреден имот во вредност од 50 илјади евра. И беа блокирани сметките, на кои немало пари, па и беше одземен имот.

Како што пишува Фокус одземениот имот според нејзиниот син Лазар Јанев бил од наследство, а истиот е одземен од Агенцијата за управување со одземен имот во октомври 2021 година. Станува збор за земјиште под куќа и ниви.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Запленетата гардероба на Боки 13 проценета на 595,6 илјади евра

На Јанева и беше запленета и една кожена чанта „луј витон“, со златни иницијали К.Ј., и кожена аголна гарнитура, три кожени перници, две фотелји и една клуб маса.

Мебелот според Основното јавно обвинителството за гонење организиран криминал и корупција беше проценет на 5.000 евра, а истиот моментално е во депото на Агенцијата во Тетово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Синот на Катица Јанева вели дека таа го почитувала договорот, излегла да купи појадок

Катица Јанева го загуби правото да работи надвор од Идризово

Камчев нема да добие 1,5 милион евра од Катица Јанева и Боки 13

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Сопругата на Пендаровски подготвуваше храна за бездомници и социјално загрозени лица

Редакција

Новогодишни пакетчиња со изминат рок на пазарот, бидете внимателни

Редакција

(ВИДЕО) „На јога со Гога“: Силјановска се релаксира во Охрид

Редакција