Случајот со Леонид Индов се најде и на вчерашната владина седница. На истата, биле образложени досегашните процедури што се водат пред надлежните институции, а се однесуваат на рехабилитацијата на Индов, што се одвива во моментов.
„Донесовме одлука да разговарам со семејството и да ги запознаам со можните решенија за подмирување на досегашните трошоци за рехабилитација на Леонид Индов, по што ќе ја информирам Владата за конкретното изнајдено решение“, вели министерот за здравство Илир Демири.
Инаку, вчера таткото на Леонид Индов, Бранко Индов поднесе жалба до Фондот за здравствено осигурување, против одлуката на првостепената лекарска Комисија која го одби лекувањето на Леонид во странство, со образложение дека не било лекување, туку рехабилитација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ