еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Европска унија реагира зашто Силјановска Давкова не употреби Северна Македонија

Европската Унија (ЕУ) изрази жалење поради фактот што новата претседателка на Македонија, Гордана Силјановска Давкова не го употреби уставното име на државата – Република Северна Македонија на денешната церемонија на давање заклетва, соопштија од Службата за надворешни работи на ЕУ (ЕЕАС)

„ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на постоечките, правно обврзувачки договори, вклучувајќи го и Договорот од Преспа со Грција,“ се наведува во соопштението од ЕЕАС.

И претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен преку социјалната мрежа Х порача дека Македонија треба да продолжи со пристапувањето во ЕУ преку спроведување на реформите и почитување на склучените договори, меѓу кои и Преспанскиот.

„За Северна Македонија да го продолжи својот успешен пат кон пристапувањето во ЕУ, најважно е земјата да продолжи по патот на реформите и целосно почитување на нејзините обврзувачки договори, вклучително и Договорот од Преспа,“ напиша Фон дер Лајен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силјановска Давкова грубо го крши Договорот од Преспа, реагираат од грчко МНР

(Фото) Силјановска Давкова се всели, Пендаровски се исели од „Вила Водно“

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев им честита на граѓаните и пратениците за преземената одговорност

Редакција

Обезбедени дополнителни 140 милиони денари за лекот „трикафта“ за пациентите со цистична фиброза

Редакција

Полицајци сведочеа на судењето за насилниот протест за пресудата за “Монструм“, уште едно лице призна вина

Редакција