Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера околу 11.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг на подрачјето на Кисела Вода во Скопје починала Д.С. (67) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.