еМагазин
Image default
Спорт

Заборски и Спасеновски од „Макпетрол“ на турнир од светската карате лига во Казабланка

Петар Заборски и Петар Спасеновски од „Макпетрол“ ќе учествуваат на последниот турнир од Светската карате 1 премиер лига за 2024 година.

Тие се единствените претставници од Македонија што ќе бидат дел од силното натпреварување што во Казабланка ќе се одржи од 31 мај до 2. јуни.

Заборски ќе се бори во категоријата под 75 килограми, додека Спасеновски во таа под 84 килограми.

На меѓународниот собир ќе се соочат Топ-32 најдобри индивидуалци од ранг-листата на Светската карате федерација (ВКФ). Пријавени се 381 натпреварувач од 60 земји. По турнирите во Париз, Анталија и Каиро, најквалитетните светски каратисти во Мароко ќе се борат за медал, но и за престижната титула „севкупен победник“ (Grand Winner) во своите категории.

Според описот од ВКФ, спортистите што прикажале исклучителни вештини и постојани резултати во текот на сезоната ќе бидат прогласени за „севкупни победници“. Освен на борби за златни, сребрени и бронзени одличја, Казабланка ќе биде домаќин и на специјална гала-церемонија во чест на сите Grand Winners. Освојувачите на овие титули во следната сезона од премиер лигата на своите кимона ќе носат златен вез што ќе го симболизира нивниот успех.

Светската карате федерација објави и дека мечевите во живо ќе се пренесуваат и ќе можат да се следат на YouTube каналот на ВКФ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Голема чест: Македонската судиска двојка Начевски и Николов ќе го суди финалето на Светското првенство во ракомет

Редакција

Каратистите на „Макпетрол“ се пласираа на Светските боречки игри во Саудиска Арабија

Редакција

Во избор на ЕСПН, македонскиот дрес најубав на Европското првенство во фудбал

Редакција