еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Загубарот Железници – транспорт вонредно доби уште 2,5 милиони евра за плати и долгови

Со одлука на Владата, загубарот и еден од најголемите должници од државните претпријатија, Железници – транспорт АД, вонредно добил уште 2,5 милиони евра за плати и враќање на долгови.

Државното акционерско друштво вонредно доби 16 милиони евра и на 10. ноември лани за долговите за струја.

Овие пари се надвор од редовните субвенции кои ги добива од Министерството за транспорт и врски за превоз на патници и самофинансирачкиот буџет за товарен транспорт, што го наплаќа од големите производствени компании за пренос на суровини.

Фото: Македонски железници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ако има зголемен број заразени со Ковид-19 повторно рестриктивни мерки

Редакција

Алтернатива вечерва ќе одлучува за идните чекори при евентуален влез на Алијансата за Албанците во Владата

Редакција

Вучиќ побара од Владата, Србија повторно да ги вакцинира граѓаните на Македонија бесплатно

Редакција