еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Законот за игри на среќа помина во Собрание, обложувалниците ќе треба да се селат од близина на училиштата

Собранието денеска ги усвои измените на Законот за игрите на среќа и за забавните игри.

Измените, меѓу другото, предвидуваат објектите за игри на среќа да бидат оддалечени не помалку од 500 метри од основните и средните училишта.

Законот беше донесен во скратена постапка, со европско знаменце.

Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) заедно со претставниците на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) денеска одржаа јавен собир пред Собранието.

Тие порачаа дека овој закон нема да ги заштити малолетниците од ризиците на игрите на среќа, туку напротив, ќе ги лиши само страсните фудбалски навивачи од својот тикет за 50 денари, пензионерите од своето место за социјализација и илјадници семејства од основен приход.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ има дилеми околу јазикот, историјата, Протоколот, кој никој не го видел, вели Мицкоски по обраќањето на Фон дер Лајен

Редакција

Македонските граѓани ќе може да летуваат во Црна Гора без ПЦР-тестови

Редакција

„Жито Лукс“ оствари добивка од 16 милиони денари за девет месеци

Редакција