еМагазин
Image default
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

„Малиќи груп“ ќе се вклучат во националната кампања “Биди срцевина-Биди херој“, вклучете се и Вие

Вработените од компанија „Малиќи груп“ ќе се вклучат во националната кампања „Биди срцевина-Биди херој“, која ја спроведува Клиниката за хематологија, со поддршка на Министерството за здравство и Институтот за хумана генетика, на 9. февруари (петок) во ресторанот Фор, од 10 до 13 часот.

Повод за оваа акција е отворањето на првиот Регионален центар за трансплантација на коскена срцевина во рамките на Клиниката за хематологија, кој освен за осигурениците на Македонија, е оспособен за лекување пациенти и од Косово, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, каде овие интервенции се уште не се воведени.

„Воедно се приклучуваме на апелот на здравствените власти, што повеќе граѓани да се запишат во Регистарот на доброволни дарители на коскена срцевина.

Повикувајќи се на нашите алтруистички убедувања, доброволци од „Малиќи груп“ ќе имаат можност да донираат само 5 мл крв и со тоа ќе се запишат во Регистарот на доброволни дарители на коскена срцевина.

Воедно ги охрабруваме сите добронамерници кои сакаат да се запишат во овој Регистар, да дојдат во ресторанот Фор на 9. февруари 2024 година.

Во светот на секои 4 минути, еден човек заболува од леукемија. Секој од нас може да помогне, за некој повторно да биде здрав! Да се зачлениме во дарителскиот регистар на коскена срцевина и да бидеме нечиј херој,“ велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Отворен Центар за трансплантација на хематопоетски матични клетки на Клиниката за хематологија

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Флуид проект“ го доби тендерот на општина Аеродром за одржување фонтани вреден 97.000 евра

Редакција

Тестирајте се: Годинава регистриран 41 случај со ХИВ и тројца починати, најмладиот имал 21 година

Редакција

(Галерија) Македонскиот топ-модел Павле Николовски го освои Балканот

Редакција