еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Запленети речиси две илјади брендирани парчиња со потписи на Луи Витон, Диор и Мајкл Корс

Речиси две илјади парчиња брендирана облека, обувки и женски чанти со потписот на Луи Витон, Диор, Монклер, Гучи, Версаче, Барбери, Мајкл Корс и други познати модни брендови се запленети од страна на мобилен тим при Секторот за контрола и истраги по извршена контрола на товарно моторно возило пријавено за транзит на граничен премин Деве Баир, информираат од Царинската управа.

„Пратката била од Турција и требало да се транспортира до Босна и Херцеговина. Согласно направената процена, доколку овие производи се продаваат како оригинали, на пазарот нивната вкупна вредност би била 19,9 милиони денари.

Контролата е спроведена по преглед на документација и сомнение во изјавата на возачот, при што во камионот се откриени 1.907 парчиња облека, обувки и чанти, сите со потпис на познати модни брендови.

Против превозникот е поднесена пријава за повреда на право од интелектуална сопственост, а производите се запленети,“ се вели во соопштението на Царинска управа.

Фото: Царинска управа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски одлучи Армијата да биде ангажирана во Дебар и Центар Жупа

Редакција

Од Државна ревизија велат дека нема внатрешна контрола како се трошат парите во Агенцијата за млади и спорт

Редакција

Цементарница Усје ќе дели дивиденда од 2.415 денари по акција

Редакција