еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

До Уставен досега немало иницијатива за дерегистирање на партијата “Десна“ на Палевски

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацараска во интервју за „24 Отворено“ на ТВ 24 информираше дека досега до Судот немало иницијатива за дерегистирање на партијата “Десна“ на осомничениот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, Љупчо Палевски Палчо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е партијата „Десна“ чиј претседател е Палевски, а членови дел од осомничените за убиството и грабнувањето на Вања и Панче

„До денеска ние немаме добиено таква иницијатива, дали дополнително ќе пристигне тоа не би можела да кажам“, рече таа и објасни дека Уставниот суд има надлежност да постапува за политички партии, но само во делот на нивните програми и статутот, во смисла дали тие се во согласност со Уставот

„Околу регистрацијата, бришењето на политичките партии надлежен е Граѓанскиот суд, ние немаме никаква надлежност тука да постапуваме“, рече таа.

На дерегистирање на партијата “Десна“ неодамна повика министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Палевски му се заканувал на Мицкоски и неговиот постар син

Турција доставила отпечатоци од прсти од Палевски, а се очекуваат и материјали за ДНК-анализи

Од Палевски зависи колку брзо ќе биде екстрадиран во Македонија

Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анѓушев: Јас сум еден од тие кои подлежи на новиот данок

Редакција

Кои видови и подвидови на Ковид-19 се присутни во Македонија

Редакција

Сакскобурготски дал согласност името на татко му, Борис Трети, да го употреби бугарското здружение во Охрид

Редакција