еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Започнува со работа Фондот за школување деца без родители „Ѓорѓи Марјановиќ”

Денеска е потпишан меморандум за соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ.

Со потпишувањето на овој меморандум официјално започнува да функционира и Фондот за школување на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ. Во согласност со меморандумот, Фондацијата на децата без родители, сместени во згрижувачки семејства, мали групни домови и установите на Министерството се обврзува да им обезбедува компјутери, курсеви за англиски јазик, обуки за компјутерски вештини, ќе им помага во подготовка за вработување и ќе реализира 1-на-1 менторска програма.

Mенторската програма ќе ја изведуваат успешни македонски претприемачи и искусни професионалци од hi-tech индустријата кои ќе го споделат своето животно и професионално искуство со децата и ќе се обидат не само да ги инспирираат туку и да ги поттикнат на дејство, давајќи им при тоа клучни насоки за ориентација и ќе им пружат поддршка во нивната кариера.

„Партнерствата што ги формираме со цел да поттикнеме нови иницијативи и истите ги доведеме до реализација, особено кога се работи за иницијативи што го подобруваат квалитетот на живот на ранливите категории на граѓани, се наоѓаат во центарот на нашите напори,“ изјави министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

Александар Марјановиќ, директорот на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ по потпишувањето на меморандумот изјави дека да се биде ментор на дете без родител(и) е речиси исто толку благороден чин како и посвојувањето.

„Пресреќен сум што министерката Тренчевска ја препозна и поддржа оваа наша иницијатива која има за цел на овие деца да им овозможи услови за личен и професионален развој,“ изјави Марјановиќ.

Фото: МТСП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сава пензија плус одбележува 10 години доброволно пензиско осигурување во Македонија

Редакција

Започна 12. издание на лидер-проект: Врвна програма за бизнис и претприемништво

Редакција

Патувачкото кино во Кочани и Оризари, следува 12. Фестивал „МакеДокс“ во Скопје, од19 до 26 август

Редакција