еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Зар е можно градоначалникот Папазов да не ја видел т.н. дискотека во Кочани?

Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов вчера си поднесе оставка, ама на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Кочани си поднесе оставка, откако го притисна јавноста

Утрото по трагедијата во т.н. дискотека во која загинаа најмалку 59 лица, меѓу кои и тројца малолетници, тој не сакаше да разговара на таа тема и на новинарите им вети прес-конференција на која ќе кажал се.

Истата не се случи, ниту пак како татко на градот излезе пред своите сограѓани да даде подршка, да ги гушне во оваа црно време за градот и Македонија, да ги утеши, да плаче со нив, да им каже дека ќе направи се правадата да биде задоволена…

Не, тој цело време се криеше од јавноста и од своите сограѓани. Тоа го направи и вчера кога цело Кочани излезе на протест. Тој не беше таму, а неговите сограѓани го бараа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Папазов беше на распит во Обвинителството, засега не е осомничен

Да ја тргнеме на страна темата какви надлежности имала Општината за дискотеката-шупа. Нека анализираат и одлучуваат за тоа во Јавното обвинителство и другите институции. За тоа ги плаќаме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Градоначалникот Папазов, кој си поднесе оставка, бил на распит во полицијата

Едно од главните прашања е дали тој како татко на градот некогаш ја видел шупата-дискотека, која заврши на медиуми низ целиот свет, кои се чудат, како и ние, дали е можно таму да одел да се забавува некој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цел свет виде како системот во Кочани за пари уби деца

Сигурно ја видел, освен ако не се телепортира од дома за на работа.

Како татко на градот дали се прашал, абе чекај, кај ми излегува младината, овој објект не е местото за тоа.

Се прашал ли како е можно таков објект да работи. Со години.

Секако не е негова работа да проверува дали шупата-дискотека имала излез за итни случаеви, елаборати, хидрант и сл.. Ама никој не му бранел како татко на градот да се заинтересира за тие работи.

Кога веќе никој не ја пријавил шупата-дискотека до надлежните органи можел тоа како загрижен татко на градот да го направи тој. Ја има и моќта и позицијата неговиот глас да се слушне.

Ама ништо од сето ова. Дури и за оставката мораше да притисне јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чија е дискотеката во Кочани во која ни загинаа најмалку 59 лица

(Видео) Немало хидрант, резервниот излез за евакуација бил заклучен со катанец без брава: Хорор услови во т.н дискотека

Кој е Љупчо Папазов, новиот градоначалник на Кочани, на кого му се слоши на прес-конференција на Мицкоски

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Откажана прес-конференцијата на лидерите на ЕУ по Самитот со земјите од Западен Балкан

Редакција

Починато 22-годишно момче пронајдено во влез на зграда во скопски Центар

Редакција

Владата ќе побара од Собранието нови шест месеци кризна состојба

Редакција