Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираа дека времето утре ќе биде променливо облачно и студено со засилен, повремено силен северен ветер (над 80 км/час).
На повисоките места и на планините ќе има слаби локални врнежи од снег
Потоа времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури и пораст на дневната температура.
Минималните утрински температури ќе се спуштат до минус 5, а максималните дневни ќе достигнат до 16 степени.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.