еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Волонтери од Телеком и од Сојузот на извидници во масовна акција за обнова на шумите во Источниот регион

Волонтери од Телеком и од Сојузот на извидници, заедно со Национални шуми, учествуваа во заедничка еко акција за целосна обнова на шумите во Источниот регион, информираат од компанијата.

Насадени се нови 10.000 дрвца на површина од 4  хектари, во Делчево – Стар Истевник, регион чиј зелен појас беше оштетен од шумски пожари во 2020 – 2021 година.

Оваа акција е дел од партнерството на Телеком со Сојузот на извидници, преку проектот „Боренка“.

„Боренка“ е еко иницијатива за обнова на опожарени региони во која може да учествуваат сите: како креатори на виртуелната шума или како волонтери за пошумување преку Сојузот на извидници и општините.

Во виртуелната шума на www.borenka.mk секој може да нацрта и да засади свое виртуелно дрвце. Македонски Телеком се обврза за секое нацртано дрвце во Источниот регион да насади природно.

Во заедничката акција за пошумување во која учествуваа над 100 волонтери: вработени во Телеком и извидници, виртуелната магента шума стана природна.

Македонски Телеком почна со обнова на зелениот појас зафатен од пожарите уште минатата година, како дел од ESG агендата на компанијата. Преку партнерството со Сојузот на извидници го прошири своето поле на делување, ја зголеми свеста за проблемот и масовноста на акцијата.

-Освен акциите на терен и креирањето виртуелна шума, со ова партнерство се јакне и се развива волонтеризмот и едукацијата на најмладите за заштита на животната средина. Во последниве неколку месеци, над 3.000 деца од Македонија беа дел од едукативните работилници на „Боренка“, каде што научија колку се важни шумите и нацртаа свое дрвце во виртуелната шума.

Шумските пожари уништија голем дел од зелениот појас во Македонија, а за да се направи вистинска разлика потребна е заедничка  акција. Заедно со нашите пријатели извидници, повикуваме на масовно вклучување на граѓаните и компаниите за да се обноват сите региони зафатени од пожарите, велат од таму.

Повеќе за „Боренка“ на: www.borenka.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алсат М е добитник на наградата „Медиум промотор на новинарството како јавно добро – Роберто Беличанец“

Редакција

Започна 14. Фестивал на креативен документарен филм „Македокс“

Редакција

(Фото) Училиште во Турција ќе го носи името „Македонија“, а училниците ќе бидат именувани по македонски градови

Редакција