Нова провокацијата во Тетово. Вчера на куполата на Св. Атанасиј беше поставено знамето на Албанија, а на влезот на црквата знаме на терористичката УЧК.
Денеска тие се отстранети, откако случајот бил пријавен во полиција.
„Веднаш по пријавувањето, на местото е испратена екипа од СВР Тетово. Извршен е комплетен увид и се преземаат мерки и активности за целосно расчистување и документирање на случајот“, информираа од СВР Тетово.
Фото: Телма
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.