еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Зошто Македонија не побара докази против Мерко од САД, кој шест месеци е на „црната листа“

Колку државата навистина се бори против корупцијата покажува примерот со градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, кадар на владејачката ДУИ, кого САД го стави на т.н. црна листа.

Како што информираше американската амбасадорка во Македонија, Анџела Агелер, и по шест месеци од таа одлука, ниту еден македонски правосуден орган или институција не се обратила до нивните колеги во САД да побараат споделување на доказите, со цел да се отвори постапка за него и во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД издвоија 500 милиони долари за владеење на правото, а има епидемија на корупција, вели Агелер

Мерко, заедно со неговото семејство беше ставен на „црната листа“ поради “негова вмешаност во значајна корупција, злоупотреба на фондови и мешање во правосудните и други јавни процеси“.

Откако тој беше ставен на листата, Јавното обвинителство правеше увид во 30 кривични дела поврзани со него, ама на крај не се случи ништо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И Мерко ќе се „спаси“ со измените на Кривичниот законик

Со измените на Кривичниот законик се „спаси“ и Мерко, како и голем број други поранешни функционери. За Мерко во Обвинителството во Струга се водеа 10, а во Јавното обвинителството за гонење организиран криминал и корупција пет истраги за злоупотреба на службената положба и овластувањата.

Тој остана на функцијата и не поднесе оставка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„30 предмети поврзани со Мерко, ниедно судење, ниедна пресуда“: Твитер реакции

Сите знаеле што прави Мерко ама никој не го спречил

“Издржи Мерко, не си сам“: Твитер реакции

Фото: Фејсбук/Мерко

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За викендот дожд, грмежи и ветер

Редакција

Очекуваме функционален парламент и политичка влада во Софија за добивање на зелено светло, изјави Заев

Редакција

Мерџан Шабанов чека на трансплантација на срце, потребни се средства за скапата терапија додека чека

Редакција