еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Зошто министерот за економија Дурмиши не е опфатен со истрагата за пожарот во Кочани?

Досега со истрагата на Основното јавно обвинителство за пожарот во т.н. дискотека/кабаре во Кочани се опфатени дури четворица поранешни министри за економија, сите кадри на ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Куќен притвор за екс министрите за економија Сарачини и Незири за пожарот во Кочани

Во куќен притвор се поранешните министри Беким Незири и Ваљон Сарачини, а за поранешниот министер за економија, Дритон Кучи, кој е актуелен македонски амбасадор во Норвешка и Исланд, засега нема мерки, бидејќи не е во Македонија.

Тој пред неколку дена на Фејсбук најави дека ќе се врати во земјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Дритон Кучи, поранешниот министер, кој е дел од новите 19 осомничени за пожарот во Кочани

Во затворски притвор од порано е и поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши.

Засега со истрагата не е опфатен единствено актуелниот министер за економија, Бесар Дурмиши, кадар на коалицијата “Вреди“.

Според државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски тој не е опфатен со проширената истрага, бидејќи нема ниту еден доказ дека сопственикот на т.н. дискотека/кабаре иницирал постапка за нова лиценца во 2025 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зад кои други фирми стоел Дејан Јованов Деко, газдата на дискотеката во Кочани

Тој на вчерашната прес-конференција не одговори конкретно дали има докази дека кај претходните министри била иницирана ваква процедура за издавање лиценца или не.

Министерството за економија е надлежно за издавање и одземање лиценци за кабареа, дискотеки и ноќни клубови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Беким Незири, поранешниот министер кој доби куќен притвор

Кој е Дритон Кучи, поранешниот министер, кој е дел од новите 19 осомничени за пожарот во Кочани

Кој е Ваљон Сарачини, поранешниот министер, кој е дел од новите 19 осомничени за пожарот во Кочани

Фото: Фејсбук/Дурмиши

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Загина 14-годишно момче кога автомобил влета во група марокански навивачи: Хаос по мечот Франција-Мароко

Редакција

Ставен под контрола пожарот кај Неготино

Редакција

Студентите најавуваат нов протест, бараат исполнување на сите барања

Редакција