еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Избрани нови судии во Апелациониот суд Битола

Билјана Белевска Пројковска, Ристо Сотиров, Дејан Крстанов и Александар Илиевски од страна на Судскиот совет денеска се избрани за судии во Апелациониот суд Битола.

Белевска Пројковска е избрана за судија во кривичната област, а Сотиров, Крстанов и Илиевски за судии во граѓанска област.

Белевска Пројковска е со речиси 20-годишен стаж, од кои 14 години работела на предмети од кривичната област во Основниот суд Охрид, а Сотиров, Крстанов и Илиевски доаѓаат од Основниот суд Битола.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

39-годишниот маж од Тетово го убил татко му

Редакција

Покренато обвинение за три лица за „Рекет“: Јанева зела 50.000 евра, а Боки 13 и Кичеец 1,5 милиони евра од Камчев

Редакција

Алкалоид со раст на приходите и добивката во првите шест месеци од годинава

Редакција