еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Израел и Хамас се договорија за четиридневен прекин на огнот и ослободување на дел од заложниците

Израел и Хамас се договорија за четиридневен прекин на огнот и ослободување на дел од заложниците, а истиот треба да стапи на сила во следните 24 часа.

Во меѓувреме Израел продолжи со нападите на Појасот Газа.

Од Кабинетот на израелскиот премиер, Бенјамин Нетанајху соопштија детали од договорот и го потврдија истиот.

„Владата го одобри нацртот на првата фаза од постигнувањето на оваа цел, според која најмалку 50 заложници – жени и деца – ќе бидат ослободени во текот на четири дена, при што ќе има пауза во борбите.

Ослободувањето на секои дополнителни 10 заложници ќе резултира со по уште еден ден пауза.

Владата на Израел, ИДФ (израелската армија) и безбедносните служби ќе ја продолжат војната со цел да ги вратат дома сите заложници, да ја завршат елиминацијата на Хамас и да обезбедат дека нема да има нова закана за државата Израел од Газа“, стои во соопштението.

Договорот го потврдија и од Хамас и открија детали од истиот.

„Врз основа на нашата одговорност кон нашиот долго-страдачки и непоколеблив палестински народ и нашиот неуморен напор да ја зајакнеме непоколебливоста на нашиот херојски народ во нашата горда Газа, да му помогнеме и да му ги залечиме раните … и по тешките и сложени преговори неколку дена, објавуваме – со помош и благослов од Семоќниот Алах – дека постигнавме хуманитарен договор за примирје (привремен прекин на огнот) за период од четири дена, благодарение на упорните и ценети напори на Катар и Египет“, се вели во нивното соопштение.

Хамас откри и неколку одредби од договорот, меѓу кои се прекин на огнот од двете страни, влез на стотици камиони со хуманитарна помош во сите области на Газа, кои ќе донесат хуманитарни, медицински и резерви на гориво, прекин на целиот воздушен сообраќај во јужна Газа за време на тие четири дена по шест часа секој ден од 10 до 16 часот…

„Ослободување на 50 цивили жени и деца (помлади од 19 години) кои моментално се држат во Појасот Газа во замена за ослободување на 150 палестински жени и деца (на возраст под 19 години) од израелските затвори според времето што го поминале во затвор …

За време на периодот на прекин на огнот, Израел се обврзува дека нема да таргетира или апси никого во сите области на Појасот Газа … Загарантирано е слободно движење на луѓето од север кон југ по улицата Салахудин“, велат од Хамас.

Од Хамас додаваат дека иако информира за склучувањето договор за примирје, „потврдува дека рацете на неговите припадници ќе останат на чкрапалото, а неговите бригади ќе продолжат да го бранат народот“.

„Отпорот ги водеше преговорите додека неговата позиција на теренот е цврста и силна и покрај обидите на окупаторот да одолговлекува во овој поглед. Условите на договорот се формулирани во согласност со визијата на отпорот која има за цел да му служи на нашиот народ и да ја зајакне неговата непоколебливост пред агресијата, додека секогаш ќе остане свесен за неговите жртви, страдања и грижи“, велат од Хамас.

Фото: Израелско МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Мадона за првпат се огласи по хоспитализацијата поради бактериска инфекција

Редакција

Фондот за здравствено осигурување вработува 15 лица

Редакција

Кој е Адеми од ДУИ кој гаѓаше пратеници со шолја и шише во Собранието

Редакција