еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Имаме мнозинство за гласање на новите министри од АА, вели кординаторот на пратеничката група

Кординаторот на пратеничката група на Алијансата за Албанците (АА), Аднан Незири на денешната прес-конференција изјави дека партијата има обезбедено мнозинство за гласање на новите министри за здравство и информатичко општество и администрација, Илир Демири и Наим Бајрами на местото на досегашните министри Фатмир Меџити и Азир Алиу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Илир Демири, предлог на АА за министер за здравство на местото на Фатмир Меџити

Коментирајќи го вчерашниот собир на АА во Куманово свикана од претседателот Арбен Таравари, Незири нагласи дека тој собир не бил легитимен врз основа на Статутот на партијата.

„Легално Собрание на Алијансата за Албанците ќе биде тоа свикано за в сабота во 13 часот во Скопје. Тоа е легално и процедурално врз основа на Статутот и правните процедури,“ рече тој.

Во однос на поделбите во партијата, Незири потенцираше дека „партијата има органи кои не биле почитувани“.

„Комуникација врз основа на статус на Фејсбук не е реална комуникација и комуникација што треба да се реализира врз основа на Статут и други обврски што ги има претседателот на партијата.

Во Централното претседателство имаше една одлука од партијата за која требаше тој да контактира и со Централното собрание и врз основа на тие реални потребни процедури се носат некои работи, а не преку Фејсбук.

Партијата не комуницира со Фејсбук статус. Има органи, тоа е колективна одлука, заради тоа и постојат органите на партијата – Централното претседателство и другите органи,“ рече тој.

Според Незири, нема да има две Алијанси, заради тоа што, како што рече, ќе има Централно собрание, легално, и на тоа ќе се одлучува дека има само една Алијанса, а грешката што ја направил претседателот е обврска на тој што треба да дава одговорност, односно отчет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

До Собранието поднесен предлог за разрешување на министрите Меџити и Алиу

(Фото) Двајца пратеници на АА во Куманово му дадоа поддршка на Таравари

Таравари во Куманово доби подршка од 75 членови на Централното собрание, од вкупно 133

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 46 нови на Ковид-19 од 3.487 тестирања

Редакција

(Графикон) 74 случаи од заболените со коронавирусот во Македонија се импортирани

Редакција

Увидот ќе ги покаже причините за несреќата со излетувањето на возот кај Куманово

Редакција