еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Имот ќе се конфискува без правосилна пресуда и во граѓанска постапка

Владата на седница го утврди текстот на Предлогот на закон за конфискација на имот во граѓанска постапка.

-Со цел да се надминат правни празнини коишто претставуваат реален предизвик за демократијата и владеењето на правото, како што е посочено во Образложението од предлагачот, Министерството за правда, пристапено е кон уредување на прашањата за конфискација без осудителна пресуда, односно конфискација на имот во граѓанска постапка.

Предложените законски решенија, како што е посочено, се во согласност со документи подготвени од странски и домашни експерти, преку проект на Советот на Европа, а во коишто се оценува дека секое спречување на ланецот на користење имот и имотна корист од кривично дело, за кое има или нема правосилна судска одлука, значи поголем успех на државата да го заштити доброто на заедницата и на поединецот од организираниот криминал и корупција и нечесно стекнување на имот, информираа од Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Регистриран земјотрес на подрачјето Тетово-Гостивар

Редакција

Како за Бајрам така и за Велигден: Денеска бесплатно шишање на деца во берберница „Шогун“ во Охрид

Редакција

Се воведува патарина на новите автопатишта

Редакција