еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонија ќе купи хеликоптери од италијанската компанија “Леонардо“

Македонија ќе купи осум повеќенаменски хеликоптери од италијанската компанија “Леонардо“, соопшти министерката за одбрана, Славјанка Петровска во интервју за 360 степени.

Таа информираше дека понудата на италијанската компанија била потврдена како најсоодветна во процесот на модернизација на хеликоптерските капацитети на македонската Армија.

Набавени ќе бидат два типа на хеликоптери, Агуста 149 и Агуста 169. Едниот хеликоптер е со поголема носивост, до 14 патници со опрема, а другиот е со помала носивост, до осум патници исто така со вклучена опрема.

Годинава се очекуваат и околу 16 дополнителни JLTV оклопни возила од американско производство, како и првите оклопни возила “Страјкер“.

Испораката на системите за противвоздушна одбрана од Франција се очекува во втората половина на 2025 година, додека артилериските системи од Турција треба да пристигнат во периодот 2025-2026 година.

Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Пендаровски ја однесе малата Ембла на училиште: Во ова општество сите сме еднакви

Редакција

(Галерија) Со донација од над 4 милиони денари на Клиниката за детски болести и изложба одбележан 85-годишниот јубилеј на Алкалоид

Редакција

Груевски лаже дека братот на премиерот му сугерирал дека ќе му биде одложена казната, ако убеди пратеници да гласат за уставните измени, велат од Владата

Редакција