еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Груевски лаже дека братот на премиерот му сугерирал дека ќе му биде одложена казната, ако убеди пратеници да гласат за уставните измени, велат од Владата

Од Владата за еМагазин велат дека во целост ги отфрлаат како невистинити тврдењата на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, наведени во неговото барање за азил во Унгарија.

еМагазин ја праша Владата дали е точно дека на Груевски му било сугерирано од братот на премиерот Зоран Заев, дека ќе му биде одложена казната затвор, доколку убеди пратеници да гласаат за уставните измени, предвидени со договорот за името за Грција, како што тврди екс премиерот во барањето за азил, од кои детали објавија унгарските, а ги пренесоа македонските медиуми.

„Владата на Република Македонија во целост ги отфрла како невистинити тврдењата на осудениот Груевски, неговите наводи во барањето за азил се целосно лажни. Изнесувајќи лаги пред институциите во Унгарија, единствената цел на осудениот Груевски е да ја избегне правдата и да не ја отслужи казната затвор од две години.

Потенцираме дека против Никола Груевски никогаш не бил воден никаков политички прогон и не се евидентирани никакви закани по неговиот живот.

Затоа, Владата на Република Македонија очекува дека Унгарија, како земја членка на ЕУ и на НАТО ќе ја отповика својата одлука и дека ќе го екстрадира осудениот Груевски за да ја отслужи казната во земјава.

Потсетуваме дека досега ниту еднаш не било одбиено барање за екстрадиција кое Република Македонија го упатила до Унгарија.

Инаку, во барањето за екстрадиција, коешто Министерството за правда веќе го испрати до унгарските власти, се наведени сите постапки за кои до моментот на подготвување на истото, министерството имало сознанија дека се водат пред правосудните органи во Република Македонија – станува збор за вкупно 10 постапки од кои едната е правосилна завршена, а останатите се во тек“, велат за еМагазин од Владата.

 ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски: Ми беше сугерирано од братот на премиерот и обвинителот, дека ќе ми биде одложена казната ако убедам пратеници да гласат за уставните измени

Црногорскиот министер за надворешни: За транзитот на Груевски низ Црна Гора ги известивме македонските власти, немавме правна основа да го задржиме

Унгарска Влада: Не го даваме Груевски

Голем пораз или заговор: Владата, ЕУ и САД им должат одговори на граѓаните за азилот на Груевски

Фото: Фејсбук/Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Осуммина, од кои шест се на возраст меѓу 18 и 22 години, осомничени за учество во толпа пред Собранието

Редакција

(Видео) Срби играа оро на граничниот премин Табановце

Редакција

Повеќе починати мажи: Смртност и корона вирусот во Македонија

Редакција