еМагазин
Image default
Македонија

Анкета на Телма и МЦМС: СДСМ најпопуларна кај Албанците, ВМРО ДПМНЕ кај Македонците

Рејтингот на СДСМ расте, додека на ВМРО паѓа, покажа најновата анкета на Телма и МЦМС, што ја напрви агенцијата М-проспект.

Анкета покажува дека СДСМ има рејтинг од 26,8%, а ВМРО ДПМНЕ од 21,5%.

ДУИ е стабилна сo 6,7%, потоа е Алијансата за Албанците со 3%, БЕСА сo 2,4%, додека тие што нема да гласаат на евентуални избори се 21,3 %.

Анкетата покажува многу интересни податоците според етничка припадност. ВМРО-ДПМНЕ е водечка партија кај Македонците: 30,4% со пет процентни поени пред СДСМ – 25,5%.

Има историска промена кај албанскиот електорат. СДСМ е прва партија кај Албанците со 27,5% од преференците, додека ДУИ е втора со половина процент помалку.

Рејтингот на ВМРО ДПМНЕ кај Албанците е еднаков на 0, со што нивниот коалиционен капацитет и понатаму останува драматично слаб.

Анкетирани се 1.014 испитаници, телефонски, во периодот од седми до 15 ноември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Анкета на Телма и МЦМС: Македонските граѓани немаат доверба во ниту еден политичар

Анкета на Телма и МЦМС: Граѓаните не сакаат ни амнестија за упадот во Собрание, ни избори

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Учебниците по историја една од темите на македонско-бугарската комисија која ќе се сретне утре и задутре во Скопје

Редакција

12 чешки полицајци од граничната полиција во Гевгелија позитивни на Ковид-19

Редакција

И бугарскиот премиер Јанев со порака да се признаеле правата на Бугарите во Македонија

Редакција