еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Институтот за радиологија работи во две смени и за викенди, за да се намали времето на чекање на наоди

Институтот за радиологија работи во две смени и за викенди, за да се намали времето на чекање на наоди, изјави денеска директорката на Институтот, д-р Соња Николова.

„Моравме да направиме внатрешна реорганизација со постоечкиот кадар, имаме проблем со кадарот, одлевање во приватното здравство, доста од кадарот замина во пензија, така што со постоечкиот кадар што не е доволен, моравме да направиме внатрешна реорганизација за да се намали чекањето на наоди.

Се работат втори смени, се работи за викенд, тоа е добра волја на луѓето кои се позади мене и мора да им се заблагодарам. Доста расчистивме од заостанатите наоди, имаме уште малку работа за да застанеме на здрави нозе и да се организираме поинаку“, рече Николова.

Денеска беше промовиран реновираниот дел на Радиологија за да се стимулира кадарот кој ќе работи, да се зголеми ефикасноста на овој оддел и со тоа да се зголеми и квалитетот на услугата на пациентите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДУИ: Опозициските партии на Албанците сакаат да ги ослабат нашите преговарачки позиции

Редакција

Амбасада на САД: Одлуката кој е во или надвор од владата ја носи народот

Редакција

(Видео) Индија го лансираше своето прво вселенско летало за проучување на Сонцето

Редакција