еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Интернет – порталите станаа медиуми: Во Собранието изгласани измените на Законот за медиуми

Македонското Собрание вчера со 69 гласа „за“, ги донесе измените на Законот за медиуми, со кој меѓудругото интернет-порталите и официјално станаа медиуми.

Законските измени го поминаа и гласањето со Бадентер.

Друга новина е тоа што сега и државата ќе има Регистар на издавачи на онлајн медиуми, кој ќе го води Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Таков регистар веќе имаат Здружението на новинари на Македонија и Советот за етика во медиумите на Македонија, од кој дел е и емагазин.мк.

Еден од условите кој предизвика најголема дебата во медиумската сфера беше тој онлајн медиумите да имаат тројца вработени со полно работно време, ако сакаат да бидат дел од Регистерот, а со амандмани во конечното решение, кое е изгласано, за исполнување на тој критериум, за големите онлајн медиуми е потребно најмалку двајца вработени, а за малите еден вработен и едно лице со договор на дело.

За интернет-порталите кои ќе влезат во Регистарот ќе има податоци за фирмата и седиштето, односно назив и адреса на издавачот на онлајн медиумот, име и презиме на одговорното лице на издавачот на онлајн медиумот, името на онлајн медиумот, интернет адреса на онлајн медиумот, а услов за влез во Регистарот е и онлајн медиумот да биде регистран на македонскиот мк или мкд интернет-домен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И Македонија забрани прелети на авиони од Белорусија

Редакција

(Видео) Безмилосна сеча на ретки дрвја во Козле: „Пресечена историја“

Редакција

11 лица биле на возраст од 30 до 49-годишна возраст: 276 смртни случаи од Ковид-19 за една недела

Редакција