еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Исказот на мајката на Вања потврди дека Александар не е инволвиран, вели неговиот адвокат Туфегџиќ

По завршувањето на денешното рочиште за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, адвокатот на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој е еден од обвинетите, Владимир Туфегџиќ изјави дека денешната изјава на нејзината мајка, Зорица Ѓорчевска, потврдила дека тој не е инволвиран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таткото на Вања уште на почеток тврдел дека таа е киднапирана, рече мајката на денешното судење

-Самиот сведок не посочи дека Александар направил нешто невообичаено во тој момент. По однос на тоа што Александар дал своја претпоставка дека девојчето е киднапирано, ако внимателно го слушавте сведокот, појасни дека и таа имала своја теорија дека Вања избегала, дека некој ја прелажал и појасни во која насока она го разговара неговото толкување и мислење дека Вања е киднапирана.

Таа појасни дека тој не можел да се помири со фактот и дека им верувал на децата. Затоа неговата теорија била дека тој претпоставува дека нема што друго да биде освен киднапирање. Сите биле вознемирени, со цел да се пронајде детето, изјави тој, а според него овој исказ на мајката на Вања е различен од оној што го дала во Јавното обвинителство, односно отстапува од тоа што денеска е слушнато.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Мајката на Вања за првпат во судница

Нема докази дека Љупчо Палевски е виновен, вели неговиот адвокат Витановски

И јас загинав на 27. ноември, од мене не остана човек, кажа таткото на Вања на денешното судење

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Блокирањето на европскиот пат на Македонија ќе го забави и развојот на регионот, вели бугарскиот европратеник Ќучук

Редакција

За референдумот ќе врне

Редакција

Пад на индустриското производство во април

Редакција