еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Иџет Мемети призна дека земал мито и се спогоди со Обвинителството

Поранешниот народен правобранител и член на Советот на јавни обвинители, Иџет Мемети признал дека сторил кривично дело примање награда за противзаконито влијание, во случајот каде првообвинет е врховниот судија, Наќе Георгиев, информираа од Јавното обвинителство.

Мемети се спогодил со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција со предлог да му се одреди условна осуда и забрана за вршење на дејност во наредните три години.

„Со поднесената иницијатива за спогодување, осомничениот И.М до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција достави и поднесена неотповиклива оставка како член на Совет на јавни обвинители која ја доставил до Собранието.

Странките се согласија на осомничениот И.М. за стореното кривично дело да му биде изречена казна алтернативна мерка – условна осуда со утврдена казна затвор во траење од една година, која нема да се изврши доколку осомничениот во рок од три години не стори ново кривично дело, како и судот да му изрече и Забрана за вршење професија, дејност или должност на службено лице во период од 3 (три) години, бидејќи истиот ја злоупотребил својата професија, дејност или должност заради извршувањето на кривичното дело и врз основа на природата на извршеното дело и околностите под кои е сторено, може да се очекува дека таквата дејност ќе ја злоупотреби за повторно вршење кривично дело“, информираа од Обвинителство.

Мемети заедно со Георгиев се осомничени дека лажно ветувале дека ќе влијаат и ќе му овозможат олеснување на поранешниот градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев во предметот за шверц со марихуана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Иџет Мемети, кој остана без пасош поради случајот со судијата Георгиев

Каков имот пријавил Иџет Мемети, осомничен за случајот со Наке Георгиев

Фото: Мемети/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Роднини на починати при лекување во болницата „Жан Митрев“ сведочеа на денешното судење

Редакција

(Видео) Пред сезона на 45 дена затворен влезот на Охрид

Редакција

(ВИДЕО) Мега проект: На стариот аеродром во Атина ќе никнат вили, шопинг молови, хотели, казино…

Редакција