Додека се чека финализирање на договорот помеѓу САД и Украина за ретките минерали кои американскиот претседател Доналд Трамп ги побара од земјата во замена за помошта што ја добива од САД, и рускиот претседател Владимир Путин му понуди вакви минерали на неговиот американски колега.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Минерали како гаранција за помошта што САД и ја дава на Украина, побара Трамп
Путин нуди да ги продаде руските ретки минерали на американски компании, вклучително и на оние од делови на Украина, кои ги окупираше Русија.
– Подготвени сме да работиме со нашите партнери, вклучително и со Американците, изјави Путин за руските медиуми.
Тој додаде дека Русија би можела да продолжи да им продава алуминиум на САД.
– Ние, несомнено, да нагласам, имаме значително повеќе ресурси од ваков вид одошто има Украина, рече меѓудругото Путин.
Според податоците на Геолошкиот институт на САД, Русија е петта во светот по големина на резерви на ретки метали, по Кина, Бразил, Индија и по Австралија.
Украина пак има огромни резерви на клучни суровини, од литиум до титаниум, кои се од суштинско значење за модерната технологија и се во голема побарувачка во глобалната трка по ресурси.
Има и големи резерви на јаглен, нафта, гас и ураниум, но значителен дел од овие ресурси се наоѓаат на територија под руска контрола.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ќе добие ретки минерали од Украина во вредност до 350 милијарди долари
И ЕУ сака од „критичните суровини“ на Украина
Фото: Кабинет на Путин