еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кавгата на Таравари и Села стигна на суд: Чива ќе биде Алијансата за Албанците

„Крилото“ на претседателот на владејачката Алијанса за Албанците (АА), Арбен Таравари, испрати преставка до Основниот суд Тетово, со што ја започна правната „битка“ за спорот со поранешниот лидер на АА, Зијадин Села, кој неговото „крило“ го избра по третпат за претседател на партијата.

Со преставката се оспорува Конгресот, кој го организираше Села, а на кој Таравари беше разрешен од претседателското место.

Со истата се оспоруваат и одлуките од тој Конгрес.

Деновиве документи до Судот ќе испрати и „крилото„ на Села, а дали судот ќе донесе одлука пред престојните избори и дали истата ќе ги смири страстите останува да видиме.

Партијата моментално има двајца претседатели. „Крилото“ на Таравари официјално ќе коалицира предизборно со Беса, Демократско движење и Алтернатива, а од “крилото“ на Села, засега нема официјална потврда дали останува одлуката да оди на избори самостојно.

Доколку нема правна разрешница, нејасно е чиви кандидатски листи за пратеници до 2. април ќе прифати Државната изборна комисија, таа на Таравари или таа на Села.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Зијадин Села, кој повторно е избран за претседател на Алијансата за Албанците од страна на неговото “крило“

Кој е Зијадин Села, кој неговото „крило“ повторно го избра за претседател на Алијанса за Албанците

Кој е Арбен Таравари, кандидат за претседател на албанската опозиција

Фото: АА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Професор Дејан Трајковски: Зошто не ја сфаќаме масовната вакцинацијата како прашање на национална гордост како во Израел?

Редакција

Во струмичката болница се лекуваат 50 пациенти од Ковид-19

Редакција

Убава вест: 439 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција