Обвинителката Искра Хаџи Василева, заедно со обвинителот Фатон Азизи од Основното јавно обвинителство е прераспределена во Основното јавно обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
еМагазин го разгледа нејзиниот анкетен лист кој го доставила до Антикорупциската комисија кога станала обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје.
Каков имот пријавила
На свое име нема недвижен имот.
На име на сопругот пријавила куќа од наследство во Охрид, како и две возила Фолксфаген.
Како заедички имот пријавила уметнички и колекционерски предмети.
На свое име пријавила благородни метали – накит, а како заеднички имот – девизен депозит.
Пријавила и четири кредити, од кои три според податоците кои ги дала, треба да се вратени. За едниот нема податок за рок за враќање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ