еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Војната го потисна интересот за ковид-пандемијата: „Скандалозно нееднаквата“ распределба на вакцини, може да ја пролонгира

Епидемијата на Ковид-19 две години подоцна сѐ уште не е завршена и може дополнително да се пролонгира поради „скандалозно нееднаквата“ распределба на вакцините низ светот, предупреди генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

– Трагичниот биланс од пандемијата се повеќе од 446 милиони заразени ширум светот, со потврдени повеќе од 6 милиони смртни случаи, а безброј луѓе се борат со влошено менталното здравје, изјави Гутереш.

Тој оцени дека благодарение на спроведените мерки и извонредно брзиот развој и дистрибуцијата на вакцините, во многу делови на светот болеста е ставена под контрола, но истовремено предупредува дека може да се направи голема грешка доколку се смета дека пандемијата е завршена.

Гутереш ја критикуваше, оценувајќи ја „скандалозна“, нееднаквоста при распределбата на вакцините, притоа посочувајќи дека при производство на 1,5 милијарди дози вакцина месечно „речиси 3 милијарди луѓе сè уште ја чекаат својата прва вакцина“.

– Овој неуспех е директен резултат на политичките и буџетските одлуки кои даваат приоритет на здравјето на луѓето во богатите земји пред здравјето на луѓето во сиромашните земји, рече Гутереш.

МИА/Фото: Roman Grachev on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На државна плата и сопругата на министерот Бектеши

Редакција

Наставник од Струмица осомничен за полов напад врз дете

Редакција

Зошто се слави 23 Октомври

Редакција