Еролд Муслиу од страна на македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова е разрешен од директорската позиција во Агенцијата за разузнавање.
На негово место е назначена Габриела Јаковлева.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Разрешен Еролд Муслиу, Габриела Јаковлева е нова директорка на Агенцијата за разузнавање
Тој реагираше на одлуката на претседателката и смета дека одлуката е попуштање пред партиските притисоци.
еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциската комисија кога станал директор на Агенцијата за разузнавање.
Каков имот пријавил
На свое име пријавил два стана во Скопје од по 44 и 79 метри квадратни. Вториот е од наследство.
Како заеднички имот пријавил и стан од 40 метри квадратни, исто така во Скопје.
На име на родителите пријавил куќа во Кичево.
На свое име пријавил и неколку парцели земјоделско земјиште и непрецизиран имот во Туин.
На име на сопругата пријавил возило Киа, а на име на децата Цитроен.
На свое име пријавил кредит од 5.000 евра, која треба да го врати годинава.