еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил пратеникот Фатмир Битиќи, чиј дом за време на празниците беше ограбен

За време на празниците, додека пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, кој е и поранешен потпретседател на партијата и вицепремиер за економски прашања, бил надвор од земјава, е ограбен неговиот дом во скопски Бутел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ограбен Фатмир Битиќи, крадците украле злато, пари и рачни часовицни во вредност од околу 50.000 евра

Информацијата за грабежот ја потврди и Битиќи, како и Министерството за внатрешни работи.

Познато е дека украден сефот од куќата, а според дел од медиумите во истиот имало злато, пари и рачни часовицни вредни околу 50.000 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фатмир Битиќи сподели детали како му бил ограбен домот

Битиќи потврди дека во сефот имало пари и накит.

еМагазин разгледа како имот пријавил до Антикорупциската комисија во 2020 година кога стана вицепремиер за економски прашања.

Каков имот пријавил Фатмир Бетиќи

Според неговиот анкетен лист тој поседува куќа од 343 метри квадратни, проценета на 17,2 милиони денари.

Вози автомобил од брендот Фолксваген, а сопругата Мерцедес.

Има и два кредити од по 1,5 и 3 милиони денари, а и двата треба да ги отплати до 2040 година.

На име на сопругата пријавил сопственички удел, но не навел каде.

Накит нема пријавено.

Фото: Битиќи/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

САД почнуваат да го користат новото име Република Северна Македонија

Редакција

Сите детали: Се менува Законот за финансиска дисциплина, помал надоместок за доценење

Редакција

(Фото) Амбасадорката Агелер доби дрес на македонската ракометна репрезентација

Редакција