еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Јован Деспотовски, кој поднесе оставка од директорското место во ТИРЗ

Јован Деспотовски, кадар на опозициската СДСМ, вчера поднесе оставка од директорското место во Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јован Деспотовски поднесе оставка од директорското место во ТИРЗ, иако имал мандат до декември

Неговиот мандат за оваа позиција истекува во декември, а тој рече дека одлуката не ја донел под политички притисок.

Владата пак вчера за в.д. директор на ТИРЗ го назначи Гоце Димовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гоце Димовски назначен за в.д. директор на ТИРЗ

еМагазин го разгледа анкетен лист на Деспотовски кој го доставил до Антикорупциска комисија, кога беше на претходната функција – в.д. директор на Фондот за иновации и технолошки развој, единствениот кој може да се најде на страната на Антикорупциска.

Каков имот пријавил

Според неговиот анкетен лист на свое име пријавил куќа во Крушево од 133 метри квадратни и во Скопје од 150 метри квадратни.

Пријавил и три стана во Скопје од по 41,45 и 64 метри квадратни, како и деловен простор во Скопје од 29 метри квадратни.

На име на сопругата пак пријавил имот од 316 метри квадратни во Гостивар, кој е подарок и земјоделско земјиште во Скопје.

Вози Голф 5, а пријавил и акции, но не навел каде.

Пријавил и побарувања, рента, како и девизни и денарски депозити на име на децата и сопругата.

Има и кредит од 7,2 милиони денари, кој треба да го врати до 2041 година и заем од 1,5 милиони денари, кој треба да го врати до 2025 година.

Фото: Деспотовски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Експлицитна содржина): Зачестена појава на домашни македонски порно клипови на интернет

Редакција

Обвинение за поранешниот претседател на ДИК, Дерковски и четворица вработени за набавката на софтверот за изборите

Редакција

Рекордни 870 нови случаи на Ковид-19, во Скопје дури 422

Редакција