еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Како може филм како „Пред дождот“ да те напушти со таа музика, вели Царовска

Пејачката и авторка Тања Царовска, даде свој коментар на изјавата на актерката Глен Клоуз, за филмот „Пред дождот“, за кој таа вели дека не ѝ излегува од глава.

„Како може филм како „Пред дождот“ да те напушти со таа музика? Со тие тамбури, кавали, гајди, ритми, гласови (Премин, Јовано“, Море два се змеја, Девојче бело црвено, Со маки, итн…), со тие прекрасни „рифови”, моќни музички фрази и хармонии, со сиот дух од поднебјево собран во едно, таа неодоллива магија!

Со сета почит кон цела екипа на филмот – музиката во тој филм за мене би била 50%, а може и повеќе – она за кое би сакала да отпатувам „во државата“.

Кога го гледав „Англиски пациент“, на пример, сакав да бидам во пустината Сахара заради музиката. А технички, што би правела заглавена помеѓу дините на Сахара? Со таа музика – би преживеала. Не ја заборавајте моќта на музиката и музичарот,“ пишува Царовска.

Како потсетување, музиката за филмот „Пред дождот“ е на култниот бенд „Анастасиа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Филмот „Пред дождот“ не ми излегува од мислите, вели Глен Клоуз

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Во Грција отворена истрага за мистериозна смрт на четири бебиња

Редакција

Ковачевски по средбата со коалициските партнери: Предвремени избори нема да има, тоа прашање е затворено

Редакција

Убава вест: Оздравени 165 болни од Ковид-19

Редакција