Сопствениците на “РКМ“, Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски завршија во притвор. Поради опасност од бегство и за да не влијаат на сведоци, тие добија 30-дневен притвор.
Преку оваа фирма оделе набавките на мазут за ТЕЦ Неготино, вредни 167 милиони евра, кои според Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, биле доделени и реализирани преку злоупотреба, а имало и случај на перење на пари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Притвор од 30 дена доби и Адриан Муча, поранешен директор на сектор во државната Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).
Сопственикот на „Пуцко петрол„ и син на пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски, Асмир Јахоски, пак доби домашен притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои други лица освен Капушевски, Јаоски и Ковачевски се опфатени со истрагата за отровниот мазут
Останатите седум осомничени, меѓу кои е и поранешниот директор, Васко Ковачевски, кој е во бегство, добија мерки на претпазливост.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кај кого МВР при акцијата за отровниот мазут најде и оружје?
Детали од МВР за апсењето на Капушевски и Јаоски: Запленето и оружје
И Васко Ковачевски е опфатен во истрагата во која беа приведени Капушевски и Јаоски