Подготвителните активности за темелно реновирање на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) се во завршна фаза, информираа од Министерство за здравство.
Оваа установа во наредниот период ќе функционира со намален капацитет, за што се известени сите јавни здравствени установи во државата.
Дел од пациентите ќе преземат ГОБ „8 Септември“, Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ и Клиниката за неврохирургија, согласно изготвениот интерклинички план, во соработка со Министерството за здравство.
Согласно планот, овие јавни здравствени установи ќе преземат точно утврден број пациенти, со заеднички договор со јавните здравствени установи.
Фото: МЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.