еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кои се кандидатите на СДСМ за министри и заменици-министри во техничката Влада

На седница на Централниот одбор, владејачката СДСМ синоќа ги утврди кандидатите за свои преставници во техничката Влада, која поради престојните парламентарни избори следната година треба да се формира до крајот на јануари.

За министри во техничката влада се предложени актуелните, Бисера Костадиновска-Стојчевска за министерка за култура, Каја Шукова за министерка за животна средина и просторно планирање, Љупчо Николовски за министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Благој Бочварски за министер за транспорт и врски, Славјанка Петровска за министерка за одбрана.

Нема промени и во делот за вицепремиери. За вицепремиер за политики за добро владеење е предложена актуелната, Славица Грковска, за вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи, а за европски прашања Бојан Маричиќ.

За кандидати за заменик-министри во техничката влада, исто така, се предложени актуелните заменици, Викторија Аврамовска-Мадиќ за заменик-министерка за правда, Маја Манолева за заменик-министерка за здравство, Александар Бајдески за заменик-министер за информатичко општество и администрација, Филип Николовски за заменик-министер за финансии и Мики Крстев, за заменик-министер за локална самоуправа.

Кандидат за дополнителен заменик-министер во Министерството за внатрешни работи е Митко Бојмацалиев, актуелен шеф на кабинет на министерот Оливер Спасовски, а Јованка Тренчевска, актуелната министерка, за дополнителен заменик-министер во Министерството за труд и социјална политика.

Јован Митрески е утврден за кандидат за претседател на Собранието. Тој ќе го замени актуелниот претседател Талат Џафери, кој ќе стане технички премиер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Јован Митрески, кој ќе го замени Талат Џафери

Каков имот пријавил Јован Митрески, кој ќе биде нов претседател на Собранието

Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, е избран за шеф на централниот изборен штаб на партијата.

Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починале 24 лица, 9 се вакцинирани, 20 се со коморбидитети

Редакција

(ВИДЕО) Главниот град на Литванија стана големо кафуле на отворено, а аеродромот во Вилнус драјв-ин кино

Редакција

Армијата се вклучи во гаснење на пожарите

Редакција