еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Кои се раните знаци за рак на дебелото црево?

Март е месец во кој во Македонија и низ свет се подига свеста за ракот на дебелото црево.

Институтот за јавно здравје објави информации за рантите знаци, факти и колку е лош овој вид на рак.

Кои се раните знаци за рак на дебелото црево?

Многу луѓе со рак на дебелото црево немаат никакви симптоми во раните фази на болеста. Сепак, некои симптоми вклучуваат постојана промена во навиките на дебелото црево, вклучувајќи дијареа или запек или промена во конзистентноста на столицата, ректално крварење или крв во столицата, постојана абдоминална непријатност, како што се грчеви, гасови или болки, чувство дека цревата не се празнат целосно, слабост, замор или необјаснето губење на тежината.

Колку е лош ракот на дебелото црево?

Ракот на дебелото црево е смртоносен, но е еден од најлесните за откривање и во најраните фази, е еден од најизлечливите видови на рак.

Пет факти за ракот на дебелото црево

Едно лице може да има рак на дебелото црево, без симптоми.

Според асоцијацијата за рак на дебелото црево, пациентите на кои им е дијагностициран рак на дебелото црево често немаат никакви симптоми.

Ако сте родени во 1990-тите имате двојно поголем ризик од рак на дебелото црево и четири пати поголем ризик од рак на ректумот од оние родени во 1950-тите години.

Ракот на дебелото црево се јавува во семејството. Луѓето со родител, брат, сестра или дете, заболени од рак на дебелото црево, имаат два или три пати поголем ризик да развијат рак на дебелото црево, во споредба со оние кои немаат семејна историја на болеста.

Тоа е третатаводечка причина за смрт кај младите возрасни. Во 2020 година имало околу 18.000 случаи на колоректален карцином дијагностицирани кај луѓе под 50 години, што е еквивалентно на 49 нови случаи дневно.

Зошто е важно раното откривање

Болеста може да се спречи. Колку порано се открие ракот, толку се поголеми шансите лицето да го победи. Затоа раното откривање е толку важно.

Иако е смртоносна болест, тоа е болест која може лесно да се открие и да се лекува. Хирургијата е примарна форма на третман и дава добри резултати во приближно 50% од случаевите.

Канцерогениот полип може да потрае 10 до 15 години, пред да се развие во рак. Со редовен скрининг, лекарите можат да ги отстранат полипите пред да прераснат во рак.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шведска и Финска и официјално аплицираа за членство во НАТО, според Столтенберг ова е историски чекор

Редакција

Две години Влада: Скопје 2014 се уште се гради, Македонија повеќе село отколку мегалополис

Редакција

Максимовска – Поповиќ, член на УО на Комерцијална купи 100 акции на банката

Редакција