еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Колкав надоместок ќе земаат новите членови на Надзорниот одбор на Македонијатурист

Вчера, на вонредно Собрание на акционерите на Македонијатурист АД Скопје, избраа нов Надзорен одбор (НО) на Друштвото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонијатурист доби нов Надзорен, Доне Таневски не е повеќе претседател

Нови членови се Горазд Поповски, кој е избран за независен член, Сашко Бошков, и двајцата предлози на акционерот Промедика и Олга Павлова и Горан Марковски, кој е избран за независен член, предлози на акционерот Чезакомерц.

Претседателот со одлука на Собранието ќе зема месечен паушал од две просечни нето плати исплатени во Друштвото во последните три месеци.

Членовите на НО пак ќе земаат една просечна нето плата исплатена во Друштвото во последните три месеци, а независните членови 90% од просечната нето плата исплатено во Друштвото во последните три месеци.

Хотелското друштво има вкупно десет објекти, од кои повеќето хотели. „Холидеј ин“, „Бест вестерн“, „Белви“ и „Карпош“, кои работат, и затворените – „Бристол“, „Јадран“, „Водно“ и „Сарај“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чезакомерц купи нови акции на Македонијатурист

Современ дом стана акционер со над 5% во Македонијатурист

М.Г. Фешн купи нови акции на Македонијатурист

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тиквеш“ е принуден да го прекине откупот поради блокада од страна на поединци кои манипулирале со квалитетот на грозјето

Редакција

Лидија Димова разрешена од директорската функција

Редакција

„Скопски пазар“ ја зголеми добивката за 95%

Редакција