еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Комерцијална ги објави примањата на членови на НО, Димитрова, Фити и Максимовска-Стојкова

Во Годишниот извештај за минатата година, објавен преку Македонската берза, Комерцијална банка АД Скопје објави дел од примањата на членовите на Надзорниот одбор (НО), надвор од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Комерцијална не ги објави примањата на Фатмир Етеми, член на НО, кој купи 500 акции на Банката

Банката ги објави примањата на поранешната директорка на Европа АД Скопје, Сава Димитрова, која е независен член и претседател на НО, поранешниот професор и член на МАНУ, Таки Фити, кој е заменик претседател на НО и професорката Александра Максимовска-Стојкова, која исто така е независен член.

Примањата на останатите членови на НО, Ванчо Чифлиганец, управител на Адора Инженеринг ДООЕЛ, која е најголем акционер во Банката, Фатмир Етеми, сопственикот на ЗСФ КОМ ДООЕЛ, Сашо Наумоски, главен извршен директор на Витаминка АД Прилеп и Горан Антевски, управителот на Раде Кончар ТЕП не се објавени и од Банката за нив посочуваат на годишните извештаи на компаниите кои ги поседуваат или управуваат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е најголем акционер во Комерцијална банка

-Членовите Сава Димитрова и Александра Максимовска Стојкова се независни членови на Одборот. При изборот на независните членови во целост се испочитувани критериумите за независност утврдени со Законот за банките.

Независните членови и со нив поврзаните физички лица, не се вработени, ниту се лица со посебни права и одговорности во Банката, не се акционери со квалификувано учество во Банката, ниту застапуваат акционер со квалификувано учество во Банката, не работат, односно во последните три години не работеле во друштво за ревизија кое во тој период вршело ревизија на работењето на Банката и во последните три години немале материјален интерес или деловен однос со Банката во вредност која просечно надминува 3.000.000 денари, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пред исплатата на дивиденда, Фатмир Етеми, член на НО на Комерцијална купи 500 акции во Банката

Комерцијална банка ќе дели дивиденда од 910 денари бруто по акција

Кој сè од Управниот и Надзорниот одбор на Комерцијална купи акции на Банката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проблемот со природен гас надминат – предлозите на „Макпетрол“ разумни

Редакција

Од 27 април до 15 мај полицискиот час да биде од 21 часот и да работат летните тераси на угостителските објекти, предлага Главниот координативен кризен штаб

Редакција

„Виз ер“ нуди загарантирана база во Скопје за капетани

Редакција