еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Коцевски за одлуката на Владата за негово разрешување: Целокупното мое работење е согласно закон

По одлуката на Владата да почне процедура за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, со писмена изјава се огласи и тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата бара разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски

Истата Ви ја пренесуваме во целост.

-Од она што имав прилика да го прочитам по медиумите, причина за одлуката на Владата била тоа што изборот на раководител на Вишото јавно обвинителство Скопје бил наводно незаконски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителката Наташа Крстевска Цалева ќе раководи со Вишото јавно обвинителство додека трае кривична постапка за Мустафа Хајрулахи

Верувам дека Владата ги немала на располагање сите релевантни и точни информации и заради избегнување на недоразбирања, сакам да го појаснам следното:

Распоредот за работа на Вишото јавно обвинителство Скопје, донесен од обвинителот Хајрулахи, кој во моментов е суспендиран, беше со важност до 31.12.2024 година. Согласно тој распоред лицата определени за негови заменици го имаа статусот на заменик до истекот на распоредот на 31.12.2024 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дисциплинска за обвинителите Хајрулахи и Цветановски

Распоредот за работа на Вишото јавно обвинителство Скопје за 2025 година е донесен од обвинителот Цветановски во јануари 2025, во момент кога истиот немал својство ниту на заменик, ниту на шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје, што значи дека ваквиот распоред не е донесен согласно закон и не може да произведува правно дејство.

Со потврдување на одлуката за суспензија и на обвинителот Цветановски, се јави потреба да се определи јавен обвинител кој времено ќе раководи со Вишото јавно обвинителство Скопје.

Сакам да укажам дека не е првпат да се постапува на овој начин и приоритет беше во случајот да се определи раководител на Вишото јавно обвинителство Скопје, кој ќе биде гарант за непристрасното, професионално и објективно работење на обвинителството до завршување на дисциплинска постапка за обвинителот Хајрулахи.

Појаснувам дека не се работи за назначување на вршител на должноста виш јавен обвинител, туку за определување на времен раководител на Вишото јавно обвинителство Скопје.

Според тоа ве уверувам дека моето постапување во овој случај, како и во целокупното мое работење е согласно закон, а со цел овозможување на непречено и законито функционирање на јавното обвинителство и заштита на јавниот интерес”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТ

Каков имот пријавил државниот јавен обвинител Коцевски, за кого Владата бара разрешување

Каков имот пријавила обвинителката Наташа Крстевска Цалева, која ќе раководи со Вишото јавно обвинителство додека Хајрулахи е суспендиран

Каков имот пријавил Мустафа Хајрулахи, кој заработи кривична за малтретирање на вработени и е суспендиран од функцијата

Фото: Јавно обвинителство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тие што ги пријавуваа кражбите на Онкологија, многу тешко поминуваа, сведочеше поранешната директорка Црвенкоска

Редакција

Најголем дел од новозаразените со Ковид-19 се роднински поврзани, вели директорот на скопскиот Центар за јавно здравје

Редакција

Населението во Дебар ќе се тестира за стекнат имунитет на корона вирусот

Редакција