Кој го уби матичниот доктор Ацо Трповски (67), кој беше пронајден мртов во скопска Железара, останува непознато.
Вчера министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека засега нема осомничени.
Познато е дека не е убиен во неговиот автомобил каде беше пронајдено неговото беживотно тело.
Тој е убиен на некое друго место и засега не е познато каде.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лекарот Ацо Трповски бил убиен на друго место, а не во неговиот автомобил
За неговото убиство, кое ја вознемири јавноста, досега беа приведени три лица, но сите се ослободени, бидејќи нема докази дека тие лица се инвловирани во истото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нема доказ дека притворените лица го убиле докторот Ацо Трпковски, велат од Обвинителство
Онаа што се знае е и дека убиството не е поврзано со професијата на докторот.
Прегледани се и снимки од над 50 камери, а е разговарано со над 15 лица.
Докторот беше пронајден мртов пред неколку дена во неговото возило „киа рио“ со девет убодни рани од страна на неговиот син.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убиениот доктор во скопска Железара има повеќе убодни рани: Детали од Обвинителството