Нови 19 лица се осомничени во проширената истрага на Основното јавно обвинителство за пожарот во т.н. дискотека/кабаре „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 61, а беа повредени 203 лица.
Меѓу новите осомничени има неколку поранешни министри за економија – Беким Незири, Дритон Кучи и Ваљон Сарачини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Со истрагата е опфатен и поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат, Виктор Дерменџиев, поранешни директори и актуелниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување, како и актуелниот министер без ресор, Шабан Салиу.
Сите тие се осомничени за „тешки дела против општата сигурност“.
Кој е Сарачини
Сарачини е роден во јули 1981 година.
Тој е поранешен министер за економија, кој на таа функција беше во периодот од 2011 до 2014 година, како кадар на ДУИ.
Основно и средно образование завршил во Скопје.
Дипломирал на Универзитетот Американ Колеџ – Скопје во 2009 година и се стекнал со звање дипломиран економист по деловна администрација – маркетинг.
Оженет е со Мимоза Пеза.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Дритон Кучи, поранешниот министер, кој е дел од новите 19 осомничени за пожарот во Кочани
Амбасадорот Кучи се враќа во државата заради распит во МВР за истрагата за пожарот во Кочани
Фото: Канал 5