еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Дарко Костадиновски новиот претседател на Уставниот суд

Уставниот судија Дарко Костадиновски е новиот претседател на Уставниот суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дарко Костадиновски е нов претседател на Уставниот суд

За него гласаа шест негови колеги, уставни судии, а неговиот мандат трае три години без право на реизбор.

Тој доаѓа на местото на уставната судијка Добрила Кацарска.

Кој е Костадиновски 

Роден е на 27.11.1974 година во Скопје.

Дипломирал на Правниот факултет “Јустинијан Први“ при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје во 1997 година.

Во 2008 година станал Магистер на правни науки, а во 2012 година и Доктор на правни науки.

Магистрирал на темата “Меѓународната арбитража во современите меѓународно политички односи (на граница помеѓу правото и политиката)”, а докторирал на темата “Советодавната надлежност на Меѓународниот суд на правдата: правни последици на советодавните мислења на судот”, стои во неговата официјална биографија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Дарко Костадиновски, кој е избран за претседател на Уставен суд

Работно искуство

Од 2001 година до јануари 2018 година, работел во Кабинетот на претседателот на Република Македонија за неколку македонски претседатели.

До 2010 година работел како асистент на советникот за надворешна политика и раководител на Одделението за ЕУ и НАТО.

Од 2010 до 2018 година е државен советник за надворешна политика.

Од 2015 до јануари 2018 година, ја извршувал должноста пратеник на Република Македонија во Алијансата на цивилизациите на Обединетите нации.

На 11.01.2018 година е избран за судија на Уставниот суд на Република Македонија.

Автор е на неколку книги: “Меѓународна арбитража”, 2008 година, ”Меѓународниот суд на правдата – неопходност од реформи и промени (Советодавните мислења и нивните импликации)” 2015 година, “Сведоштва од три претседателски Кабинети”, 2019 година, „Лојалност кон Уставот – Издвоени мислења на судијата д-р Дарко Костадиновски“, 2021 година, „Лојалност кон Уставот- 2 Дилемите на конституционализмот”, Толкување на Уставот, 2023 година, „Лојалност кон Уставот-3 Теоријата на живиот конституционализам” (во подготовка), 2023 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила Добрила Кацарска, новата претседателка на Уставен суд

Која е Добрила Кацарска, новата претседателка на Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ѓоковиќ се „јави“ од терените во Мелбурн: Сакам да останам и да се натпреварувам на Австралија опен

Редакција

Партиите ја „окупираа“ ДИК: Поднесени 2.141 приговор за изборите, дури 1.982 од Левица

Редакција

Објавен трет повик за субвенции на нискобуџетни авиокомпании

Редакција