еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Еролд Муслиу, кој е разрешен од директорската позиција во Агенцијата за разузнавање

Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова без образложение го смени Еролд Муслиу од директорската позиција во Агенцијата за разузнавање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Разрешен Еролд Муслиу, Габриела Јаковлева е нова директорка на Агенцијата за разузнавање

Тој одлуката ја окфалификува како политички притисок.

На позицијата на која го извршуваше вториот мандат, го постави поранешниот претседател Стево Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Еролд Муслиу, кој е разрешен од директорската позиција во Агенцијата за разузнавање

Кој е Муслиу

Муслиу е роден 1969 година во Кичево. Дипломирал криминалистика на Факултетот за безбедност во Скопје.

Од 1993 до 1998 година работел во Министерството за внатрешни работи (МВР), во Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање (која подоцна стана Управа за безбедност и контраразузнавање, а сега е Агенција за национална безбедност), каде бил ангажиран на теренски активности од областа на контраразузнавањето како самостоен инспектор.

Со отпочнување со работа на Агенцијата за разунавање (АР) во 1998 година, Муслиу преминал во Агенцијата и работел на теренски активности од областа на разузнавање на меѓународниот тероризам, како виш и главен инспектор.

Од 2000 до 2007 година, Муслиу работел во рамки на Дирекцијата за оперативни работи на АР, ангажиран на теренски активности како помошник на директорот на Дирекцијата.

Од 2007 до 2012 година во рамки на АР, Муслиу раководел со Дирекцијата за разузнавање на меѓународниот тероризам и организиран криминал.

Во 2012 година е прераспореден на позицијата советник на директорот на АР за меѓународна оперативна соработка.

Од 2015 година до назначувањето за директор на Агенцијата за разузнавање, Муслиу работел како помошник на директорот на АР, задолжен за координација на оперативните работи на Агенцијата.

За време на неговата работа во Агенцијата, Муслиу раководел со меѓународната оперативна соработка со партнерски служби во рамки на која активно учествувал и раководел со разузнавачки операции од регионален и меѓународен карактер, стои во неговата биографија

Фото: 360 степени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Бугарија има и ќе има Македонци, му порача на Петков од ОМО Илинден – Пирин

Редакција

ОН: Милиони тони жито се заглавени во украинските пристаништа

Редакција

Обвинителство оформи предмет: Претреси во повеќе градови поради финансиски криминал

Редакција