еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Костадинов, лидерот на „Преродба“ кој бара припојување на Македонија кон Бугарија

Костадин Костадинов, лидерот на проруската и крајнодесничарската бугарска партија „Преродба„ повторно е во фокусот на македонската јавност откако јавно побара припојување на Македонија кон Бугарија, но и на дел од Украина.

Треба да се каже дека и по бројот на пратеници неговата партија е трета политичка сила во бугарскиот Парламент.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лидерот на бугарската „Преродба“ бара припојување на Македонија кон Бугарија

На неговата изјава остро регираше македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија, како и лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Напад врз суверенитетот на државата”: МНР ја осуди изјавата на Костадинов за припојување на Македонија кон Бугарија

Засега нема реакции и осуда од страна на бугарските институции, ниту пак од Европската Унија (ЕУ).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче очекува реакција од Софија и ЕУ за изјавата на лидерот на бугарската „Преродба„ за припојување на Македонија со Бугарија

Не му е првпат да провоцира

За негова изјава од октомври 2022 година во бугарскиот Парламент дека Македонија е втора бугарска држава во Европа, македонското МНР веќе има реагирано со вербална нота.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МНР со вербална нота за изјавата на лидерот на бугарската партија “Преродба“, Костадинов, за кој Македонија е втора бугарска држава

Костадинов кој има забрана за влез во Украина, за Македонија многу често вели дека е бугарска.

Има бројни изјави во тој стил, а во една од нив, повторно дадена во бугарскиот Парламент, во јуни 2022 година, рече дека: “…Македонија е Бугарија, Мизија е Бугарија, Тракија е Бугарија, Добруџа е Бугарија“ и дополни: „Во Македонија се зборува бугарски јазик. Името С Македонија е вештачко, како резултат на притисокот од Грција.

А кога зборуваме за Македонија, зборуваме за милиони Бугари, за бугарскиот национален интерес…“.

Илегален влез во Македонија

Костадинов, пред неколку години на Фејсбук се пофали и дека илегално влегол во Македонија, барајќи го тромеѓето на „двете бугарски држави и Грција“.

„Успеав да остварам еден стар сон: се искачив на врвот Тумба, најјугозападната точка на Бугарија (засега), каде што се спојуваат границите на двете бугарски држави (Бугарија и Македонија) и Грција.

Ме чинеше 15 часа талкање во шумите на Беласица, каде што се изгубивме, долго пешачење по сртот на планината, каде што не разбравме како ја минавме границата и се искачивме на висок врв, за кој мислевме дека е Тумба, а се испостави дека е во непосредна близина, но во Македонија, па моравме да се вратиме, итн.“, напиша тој на Фејсбук.

Кој е Костадинов

Роден е во Варна и е доктор по етнографија.

Завршил магистратура по балканизам во 2002 година, и право во 2011 година на Великотрновскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“.

Бил член на Националниот извршен комитет на ВМРО-БНД (партијата на Красимир Каракачанов) од 2007 до 2012 година и регионален координатор на ВМРО за областите Варна, Шумен и Добрич од 2002 до 2009 година.

На вонредниот конгрес на ВМРО-БНД, во октомври 2009 година, е избран за заменик-претседател на партијата, и на таа функција останува до октомври 2012 година.

Го напушта ВМРО во почетокот на 2013 година. Од 2012 до 2013 година е автор и водител на емисијата „За бугарската нација“.

Од 2013 до 2017 година е директор на Регионалниот историски музеј во Добрич и општински советник во општина Варна од коалицијата „Варна“.

Во 2015 година ја водел емисија „Бугарската слава“.

Партијата „Преродба“ ја основал во 2014 година.

Познат е по неговите анти ЕУ и анти НАТО ставови.

Фото: Костадинов/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бензинот „Еуросупер-95“ поскапува за два денари

Редакција

Членот на Управниот одбор на Стопанска банка Скопје, Теодулос Скордис поднесе оставка

Редакција

Обвинителство нема да постапува за „Теретана“, случајот во кој Мицкоски се сомничи за прекршување на мерките за заштита од Ковид-19

Редакција