еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Мирослав Лабудовиќ, кандидат за заменик министер за енергетика, рударство и минерални суровини

Мирослав Лабудовиќ е кандидат за заменик министер во новото Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детален преглед: Сите нови заменици министри

еМагазин во серијал ќе Ви ги пренесе биографиите на сите кандидати за заменици министри.

Кој е Лабудовиќ

Роден е на 8. август 1982 година во Скопје.

Лабудовиќ е Магистер по електротехника и информациски технологии. Дипломирал на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје.

Зборува и англиски јазик.

Работно искуство

Од 2022 година до сега е менаџер на инженеринг во корпорацијата „Теламон“ во Скопје.

Од 2020 до 2022 година работел како проект менаџер во “Дура аутомотив стрекчерс“ во Скопје.

Од 2017 до 2020 година бил проект менаџер и инжинер во “Џонсон Мети“ во Скопје.

Во 2017 година работел и во Градежен институт “Македонија“ во Скопје.

Од 2015 до 2016 работел во “Енерџи солушнс“ во Скопје.

Претходно работел и во “Енергомонтажа“, “Електроелемент“, “Енергоплан“ и „Македонијапроект“ во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Викторија Трајков, кандидат за заменик министер за европски прашања

Кој е Астрит Исеини, професор по физичка култура, кој ќе биде заменик министер во МВР

Кој е Астрит Исеини, професор по физичка култура, кој ќе биде заменик министер во МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судење за „Рекет“: Боки 13 го советувал Камчев да признае дел од вината за „Империја„ и да плати оштета

Редакција

Сестра ми работи во М-НАВ 12 години пред да станам министер, вели Османи

Редакција

„Познат македонски иноватор“: Што пишува во биографијата на генералниот секретар на Владата, Рашковски, кој е топ тема поради набавката на радарскиот систем

Редакција